24фудбал

Барди би можел да заигра во Англија!

Речиси е сигурно дека Енис Барди ќе има нов клуб во наредната сезона, а еден од кандидатите е англискиот Хал кој настапува во Чемпионшип.

Македонија

Според информациите од Островот, Хал го посакува Барди како засилување во средниот ред, верувајќи дека ќе донесе дополнителен квалитет во офанзивата и искуство од Ла Лига кое може да биде од голема корист за тимот во обидот да се вратат во Премиерлигата.

Во изминативе неколку дена за Барди се појавија информации дека е заинтересиран ЛА Галакси од САД, како и дека менаџерот на македонскиот репрезентативец веќе донел две понуди од Шпанија од засега неименувани клубови за трансфер на македонскиот репрезентативец.

Барди има желба да се врати во Шпанија каде многу брзо се прилагоди и на фудбалот и на животот, но финансискиот дел може да игра голема улога, а англиските тимови веќе со години се неприкосновени на фудбалскиот пазар, иако прашање е дали Чемпионшип е привлечен за фудбалерот за врска.

Сезонава Дарко Чурлинов одигра премалку за Барнли, кој се врати во Премиерлигата, па сега е пред кам-бек во Шалке на заем, но Езџјан Алиоски имаше три извонредни години во Лидс пред да обезбеди пласман во Премиерлигата, но по една сезона во елитата на Островот, левиот бек како слободен играч замина во саудиски Ал Ахли, а оттаму во Фенербахче.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.