24фудбал

Клоп откри што правел Салах во кантината по емотивниот пост и пораката „комплетно уништен“

Јирген Клоп вели дека утрово Мохамед Салах бил со насмевка на лицето во кантината на Ливерпул, Египјанецот објави емотивен пост по победата на Манчестер јунајтед над Челси и сподели дека е „комплетно уништен“.

Англија

Манчестер јунајтед синоќа со 4-1 го совлада Челси и го потврди топ 4 пласманот, резултатот значеше дека Ливерпул останува без настап во Лигата на шампиони.

Ова бешше причина за Мо Салах да објави емотивен пост и да порача дека е „комплетно уништен“.

Јирген Клоп смета дека реакцијата на Египјанецот е сосема нормална, и открива дека утрово Мо Салах бил со насмевка на лицето во кантината на Ливерпул.

„Неговата реакција е сосема нормална, сите размислуваме слично, во овој момент нема простор за оптимистички пораки. Ова не е сезоната која ја сакавме и очекувавме“ – вели Јирген Клоп на средбата со новинарите пред последниот натпревар.

„Го видов пред некој час во кантината, беше со насмевка на лицетот, не беше во лошо расположение!“ 


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.