24фудбал

Детали за новата откупна клаузула на Рафаел Леао

Според пишувањата на Газета дело Спорт, во новиот договор на Рафаел Леао ќе има откупна клаузула од 170 милиони евра, која може да се искачи до 175 милиони евра и ќе може да се активира само во јули месец.

Италија

Се најавуваше дека Рафаел Леао денеска и официјално ќе ја продолжи соработката со Милан, но потписот е одложен за по натпреварот со Јувентус во недела.

Денешното издание на Газета дело Спорт има повеќе детали за новата откупна клаузула на Португалецот.

Во иднина таа ќе биде 170 милиони евра со можност да се искачи до 175 милиони евра и ќе може да се активира само во јули месец.

Па доколку некој сака да го купи Рафаел Леао, ќе треба да одвои огромна сума на пари и тоа уште на стартот од преодниот рок.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.