Челси и ПСЖ влегуваат во битка на трансфер пазарот за ангажман на талентираниот Мануел Угарте од Спортинг, „сините“ се подготвени да платат над откупната клаузула со цел да го ангажираат Уругваецот.
Категорија: Англија 26.05.2023 10:55
22 годишниот Мануел Угарте од Спортинг важи за еден од најперспективните млади фудбалери, па изминатиов период често кружат гласини за негов трансфер.
Синоќа се говореше за преселба на Уругваецот во Париз, „светците“ ќе ја платат откупната клаузула од 60 милиони евра.
Но утрово се говори дека Челси нема да прифати пораз во битката па „сините“ се подготвени да платат над откупната клаузула, односно 60 милиони евра плус бонуси, со цел да ја победат конкуренцијата.
Останува да се види каков ќе биде изборот на Мануел Угарте, се верува дека дефанзивецот од средниот ред преферира трансфер во Премиерлигата.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.