24фудбал

Хари Кејн понуден на Реал Мадрид, и тоа во шокантнa трампа со Еден Азар?!

Посредници на Реал Мадрид му презентирале можност да го ангажира Хари Кејн од Тотнем, како дел од зделката, Еден Азар треба да се пресели во Северен Лондон.

Англија

Хари Кејн е под договор до јуни 2024 година, па ова лето е последна шанса Тотнем да заработи од негова продажба.

Неколку клубови од „островото“ се подготвени да достават понуди, но првиот човек на „спарси“, Даниел Леви преферира напаѓачот да биде продаден во странство наместо на ривал од Премиерлигата.

Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека посредници стапиле во контакт со Реал Мадрид и презентирале можност „кралевите“ да го ангажираат Хари Кејн.

Предлогот е прилично примамлив, Реал Мадрид не само што ќе добие квалитетен напаѓач, ќе има и можност да се раздели со Еден Азар, фудбалерот од Белгија треба да биде дел од зделката за „кралевите“ да платат помалку пари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.