24фудбал

Салах реагираше на социјалните мрежи по победата на Јунајтед над Челси (ФОТО)

Победата на Манчестер јунајтед над Челси значеше дека Ливерпул и официјално ги губи шансите за настап во Лигата на шампионите, Мохамед Салах со големи емоции реагираше на тоа.

Англија

Познати се сите четири екипи од Англија кои ќе играат во Лигата на шампионите, меѓу нив не е Ливерпул кој по подолго време нема да настапи во ова натпреварување.

Салах е крајно разочаран поради тој факт, вели дека е комплетно уништен.

„Јас сум комплетно уништен. Апсолутно нема никакво оправдување за ова. Имавме се што ни е потребно за да стигнеме до Лигата на шампионите и не успеавме. Ние сме Ливерпул и квалификување во ова натпреварување е минимумот за нас. Жал ми е но прерано е за возбудлив и оптимистички пост. Ве изневеривме вас и самите себе“, напиша Салах.




Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.