24фудбал

Манчестер јунајтед му одржа лекција на Челси и се пласира во ЛШ! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со убедливи 4-1 го победи Челси и го завери местото во Лигата на шампионите, тимот на Лампард и овојпат изгледаше очајно.

Англија

Се чини дека не е тешко да се слави над Челси оваа сезона, Манчестер јунајтед не само што го победи лондонскиот ривал, туку и го понижи.

Серијата погодоци ја отвори Касемиро со гол по асистенција на Ериксен уште во шестата минута од натпреварот.

Пред самиот крај на првото полувреме Марсијал постигна гол за сигурна предност на Јунајтед од 2-0.

Во 73. минута Бруно Фернандеш реализираше за пенал за водство од 3-0, веќе беше јасно кој е победникот на овој дуел. Пет минути подоцна Рашфорд погоди за 4-0.

До крајот на мечот, Жоао Феликс успеа да реализира и да ги постави конечните 4-1.

На коло пред крајот познати се сите учесници во Лигата на шампионите од Англија, тоа се Манчестер Сити, Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.