24фудбал

Џеко се скарал со Инзаги, нема да биде стартер во финалето на ЛШ?!

Покрај убавата приказна на Интер синоќа, со освоениот пехар во Купот на Италија, излезе и една грда нишка, кој може да донесе последици во периодот кој следува.

Италија

Един Џеко и Симоне Инзаги имаа жесток дуел среде финалето со Фиорентина, затоа што тренерот го замени напаѓачот од БиХ многу рано. Беше 58. минута кога Инзаги ја направи веќе стандардната замена, Лукаку на местото на Џеко, но на фудбалерот кој требаше да излезе воопшто не му се допадна тоа.

Во гнев шутна шише вода, кое стоеше пред клупата на Интер, а тоа го забележа Инзаги и му се пушти да се караат, додека мечот течеше пред нив.

Јасно е дека вакви искри постојат константно во текот на натпреварите, но медиумите во Италија поставија прашање, дали можеби Џеко го налутил Инзаги до толку што ќе ја загуби улогата на стартер во првите 11 за финалето од Лигата на шампионите, на 10 јуни.

Ветеранот од БиХ  има 14 гола оваа на сите натпревари оваа сезона и долго време беше очигледно подобра опција од Лукаку, но Белгиецот влезе во добра форма во последниве месеци, па се изедначи со него со по девет гола во Серија А. Лукаку има уште четири од ЛШ и во Купот на Италија.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.