24фудбал

Тен Хаг со порака до Челси: Џабе ви се парите доколку немате стратегија

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека e потребно да се има стратегија и да се купат правите фудбалери, во спротивно џабе се сите пари.

Англија

Манчестер јунајтед денеска го пречекува Челси, Ерик тен Хаг ја искористи оваа прилика да ја прокоментира работата на „сините“ на трансфер пазарот. Клубот од Стемфорд бриџ потроши преку 600 милиони во последните два преодни рока но и покрај тоа има разочарувачка сезона.

„Можете да имате пари, но треба да ги потрошите паметно, потробна ви е стратегија да се купат правите фудбалери, во спротивно, џабе ви се парите“ - вели Холанѓанецот.

„Во моментов, има концентрација на добри фудбалери, добри тренери и пари во Премиерлигата. Затоа првенството е одлично но во исто време и конкуренцијата е огромна и не е лесно да успеете“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.