24фудбал

Миовски на патерици соопшти дека сезоната за него е завршена

Македонскиот напаѓач на Абердин, Бојан Миовски синоќа поради тешка повреда откако брутално беше стартувано врз него, предвреме го заврши мечот со Сент Мирен.

Македонија

Добрата вест од него е што нема скршеница на зглобот, а за оштетување на лигаментите би требало да се знае во текот на денешниот ден.

„За жал ја завршив сезоната порано со повреда на зглобот и добра вест е што не е скршен, ќе имам дополнителни тестови за лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам силен“, напиша Миовски.

Откако ќе ја направи магнетната резонанца, ќе се знае дали има повреда на лигаментите и колку е таа сериозна. Тогаш ќе биде познато дали ќе може да игра на мечевите за Македонија против Украина и Англија кои на програмата се идниот месец.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.