24фудбал

Гвардиола по ремито против Брајтон: Малку бев загрижен, колку само алкохол испивме...

Брајтон стави крај на победничката серија на Манчестер Сити и одигра 1-1, но Пеп Гвардиола вели дека „граѓаните“ во сосема добро светло се прикажале ако во предвид се земе тоа колку алкохол испиле пред два дена.

Англија

Манчестер Сити повеќе од три месеци ги „мелеше“ противниците во Премиерлигата, „граѓаните“ наредија 12 победи во низа, но серијата беше прекината вечерва, Брајтон го запре старо-новиот шампион на Англија.

Сепак, Пеп Гвардиола нема замерки за своите играчи и смета дека во сосема добро светло се прикажале ако во предвид се земе тоа колку алкохол испиле пред два дена.

„Извонреден натпревар, честитки до Брајтон за заслужениот пласман во Лига Европа“ – рече Пеп Гвардиола.

„Каков натпревар одигравме... пред 48 часа го испивме сиот алкохол во Манчестер, но вечерва покажавме зошто сме шампиони“.

„Малку бев загрижен дека ќе имаме пад, но бевме одлични“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.