24фудбал

Луд меч: Епањол имаше три негатива против Атлетико и дојде до бод! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Еспањол лавовски се бореа против Атлетико Мадрид и на крајот дојдоа до конечни 3-3, тимот на Симеоне имаше предност и од 3-0.

Шпанија

Еспањол грчевито се бори за опстанок, денешниот меч им беше исклучително значаен, па фудбалерите гинеа по теренот за да освојат нешто. Освоија еден бод.

Атлетико Мадрид поведе со гол на Нигез во 21. минута, пред крајот на првиот дел, Гризман реализираше за водство од 2-0.

По само 15 секунди игра во вториот дел, Караско зголеми на 3-0. Во тие моменти се чинеше дека тоа е сигурна победа на Атлетико Мадрид.

Еспањол цело време создаваше шанси, а почна да реализира во 64. минута кога Монтес даде гол за 3-1.

Во 75. минута Хоселу намали на 3-2, а Винисиус Соуза четири минути подоцна изедначи на 3-3, што беше и конечен резултат.

Во истиот теремин Хетафе со 1-0 победи на гостувањето кај Бетис.