24фудбал

Мекалистер го одбра Ливерпул, но Маунт преферира трансфер во Манчестер јунајтед

Алексис Мекалистер од Брајтон е на добар пат да стане ново засилување на Ливерпул, но „црвените“ се втора опција на Мејсон Маунт, кој преферира да направи трансфер во Манчестер јунајтед.

Англија

Ливерпул добива една битка со ривалите од Премиерлигата на трансфер пазарот, но се чини дека губи друга.

Алексис Мекалистер од Брајтон ги одбрал „црвените“ и Аргентинецот е на добар пат да стане ново засилување на Јирген Клоп вредно околу 60 милиони фунти.

Сепак, Мејсон Маунт има други планови, фудбалерот на Челси преферира да направи трансфер во Манчестер јунајтед.

„Сините“ нема лесно да се откажат од Англичанецот и покрај тоа што тој е под договор до јуни 2024, се говори дека ќе бараат помеѓу 70 и 80 милиони фунти.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.