24фудбал

Интер го освои Купот на Италија, белскава партија на Лаутаро! (ВИДЕО)

Со два гола на Лаутаро Мартинез, Интер со 2-1 ја победи Фиорентина во финалето од Купот на Италија кое се играше на Олимпико во Рим.

Италија

Интер по деветти пат го освои Купот на Италија откако вечерва со пресврт дојде до победа против Фиорентина. Сите три погодоци на мечот беа постигнати во првото полувреме. Ова воедно беше и одбрана на овој трофеј кој го освоија и минатата сезона.

Фиорентина имаше почеток како од соништата, Николас Гонзалес постигна гол уште во третата минута и донесе водство на виолетовите од 1-0.

Водството на Фиорентина траеше до 29. минута кога по додавање од Брозовиќ, Лаутаро Мартинез постигна гол за израмнување на 1-1.

Само осум минути подоцна нов гол на Лаутаро, Аргентинецот погоди за комплетен пресврт и водство на Интер од 2-1.

Во второто полувреме Фиорентина имаше шанси за израмнување, но не успеа, по последниот свиреж на судијата фудбалерите на Интер заслужено се радуваа на трофејот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.