Македонскиот напаѓач, Бојан Миовски претрпе тежок старт по кој го напушти теренот, тој е неизвесен за престојните натпревари на нашата репрезентација против Украина и Англија.
Категорија: Македонија 24.05.2023 22:18
Повредата се случи на натпреварот меѓу Абердин и Сент Мирен.
Фудбалерот Смол од Сент Мирен, со отворен ѓон брутално стартуваше врз македонскиот фудбалер. По прегледувањето на ВАР снимката тој доби директен црвен картон. А за жал, Миовски мораше да го напушти теренот.
Стартот изгледа исклучително остро и можеби се работи за сериозна повреда, тоа би значело дека Миовски нема да може да игра на дуелите за Македонија против Украина и Англија.
Се очекува во текот на утрешниот ден да има повеќе информации за тежината на повредата на Миовски.
Foul on Miovski... pic.twitter.com/Qp2PwyJ7mL
— j (@thesheep1903) May 24, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.