24фудбал

„Пласман во ЛШ со седум милиони евра за трансфери е чудо како Исус да дојде во Рим и да се шета низ Ватикан“

Жозе Мурињо вели дека тој никогаш не ветил дека со Рома ќе се пласира во Лигата на шампионите и потенцира дека пласман во елитното натпреварување со овој тим е рамно на големо чудо.

Италија

Рома влезе во серија без победа во Серија А по што ги загуби шансите за топ четири, но тимот на Мурињо е на еден меч до пласман во ЛШ, а тоа ќе се случи ако ја победат Севиља во финалето од Лига Европа.

Рома минатото лето за трансфери потроши само седум милиони евра кои беа искористени за купување на Зеки Челик, останатите игрчи кои пристигнаа се на позајмица или дојдоа како слободни фудбалери.

„Кој рекол дека цел на Рома е ЛШ? Јас такво нешто не сум кажал. Секогаш се трудам да бидам искрен и не сакам да продавам магла. Никогаш не сум рекол дека сме кандидати за место во ЛШ. Има тренери, играчи кои се среќни што само ќе играат финале. А, ние играме второ за две години и тоа за мене е голема сезона, без оглед на резултатот. Ние може да напишеме историја и сакам да продолжиме да пишуваме, но пласман во ЛШ со само седум милиони евра потрошени на трансфери е повеќе и од чудо. Исто е како Исус да дојде во Рим и да шета низ Ватикан“, рече Мурињо.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.