24фудбал

Рики Пуџ направи дар-мар во одбраната па прослави како Меси, Кјелини му порача: Ти си кловн! (ВИДЕО)

Лос Анџелес Галакси го доби локалното дерби против Лос Анџелес ФК во купот, Рики Пуџ го одбележа мечот со атрактивен соло погодок и прослава во стилот на Лео Меси.

Останато

Лос Анџелес Галакси со 0-2 славеше против Лос Анџелес ФК во купот и се пласираше во четвртфинале.

Поранешниот фудбалер на Барса, Рики Пуџ го одбележа мечот откако направи дар-мар во одбраната на противникот и реализираше за 0-2. Шпанецот потоа прослави во стилот на Лео Меси, го соблече дресот и го покажа кон навивачите на Лос Анџелес ФК, кои одговорија со фрлање на предмети.

По крајот на натпреварот, кога Рики Пуџ даваше интервју, Џорџо Кјелини на поминување му довикна, „Ти си кловн“.

Поранешниот дефанзивец на Јувентус, кој сега ги брани броите на Лос Анџелес ФК стави до знаење дека не е задоволен од однесувањето на својот помлад колега.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.