24фудбал

Следната сезона ќе биде последна за Мбапе во ПСЖ?!

Според пишувањата на Л’Екип, Килијан Мбапе нема намера да ја активира клаузулата со која му се продолжува престојот на „Паркот на принцовите“ до јуни 2025 година.

Франција

Иднината на Килијан Мбапе во ПСЖ одново е ставена под знак прашалник, како што пренесува Л’Екип, следната сезона веројатно ќе биде последна за Французинот во Париз.

Минатата година, речиси сите беа убедени дека Килијан Мбапе ќе се пресели во Реал Мадрид, но напаѓачот реши да стави потпис на нов договор со „светците“ до 2025 година.

Сепак, само неколку месеци подоцна почнаа да кружат гласини дека Килијан Мбапе жали за одлуката и крои планови како да замине од „Паркот на Принцовите“.

Денешното издание на Л’Екип вели дека договорот на Килијан Мбапе всушност е до јуни 2024 година, додатните 12 месеци се само опционални и тоа во корист на фудбалерот.

Клаузулата може да се активира до крајот на јули, но како што пренесува Л’Екип, во моментов Килијан Мбапе нема намера да го стори тоа со што се отвара врата за негово заминување од Париз летото во 2024 година.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.