24фудбал

Грнчаров: Низ што сѐ поминавме поминавме ова е за снимање филм, играчите се херои со самото тоа што останаа во Вардар!

Вардар се врати во Првата македонска фудбалска лига откако вчера со убедливи 3-0 го победи Скопје, ова е голем подвиг за „црвено-црните“ ако се знае во квакви услови го направија овој успех.

Македонија

Еден од главните херои е тренерот Бобан Грнчаров кој и покрај мизерните услови со кои се соочуваше Вардар, успеа да ја одржува мотивацијата на високо ниво кај фудбалерите, нивните доби играи кулминираа во баражот против Скопје.

Вардарци во цел овој период беа носени на крилјата на навивачката група „Комити“ која исто така носи важен дел од заслугите за успехот.

Но, најголемите заслуги одат кај фудбалерите кои ја издржаа големата беспарица, мизерните услови за тренинг, сите препреки кои ги имаа за да функционираат нормално и на крајот успеаа.

Во интервју за „Спорт1“, тренерот Бобан Грнчаров вели дека од сезоната на Вардар може да се направи филм.

„Овие момци се херои, за тој товар што го понесоа, за сѐ низ што поминавме. Чудо се случи, а ние најдобриот меч на сезоната го одигравме кога беше најважно меч. Можевме да победиме уште поубедливо и тоа немаше да биде случајно, зашто од првиот меч игравме чесно за разлика од другите екипи. Јас на фудбалерите им реков: 'момци вие сте херои со самото тоа што останавте во Вардар, ама ќе бидете уште поголеми херои ако испишете историја. Имаме 90 минути после кои 90 години ќе нѐ паметат'. Сѐ е знае низ што сѐ поминавме и ова е за снимање филм, низ какви сѐ нервози и стресови поминавме, од бркања од хотели, платено-неплатено. Ние немавме ручек помеѓу два тренинзи и не можам да не им се заблагодарам на кафеаните на Боемска, од Чардак, Канцеларија, Двор, Гоце Рагуза, каде што имавме бесплатни ручеци. Да не беа тие ќе немаше фудбалерите каде да јадат и од дома директно ќе доаѓаа на мечеви. Смешно, а истовремено е и жално за ваков бренд. Но, добро е што влеговме во Прва лига, ни падна сиот товар и јас им се заблагодарувам на сите фудбалери, на сите помошници, на спортскиот директор“, вели Грнчаров за „Спорт1“.

Целото интервју со Бобан Грнчаров, можете да го прочитате на овој ЛИНК.