24фудбал

Винисиус: Фудбалот во Шпанија некогаш им припаѓаше на Роналдо, Роналдињо, Кристијано, Меси, а сега на расисти!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се огласи по големиот расистирчки скандал на Местаља.

Шпанија

Винисис Жуниор доби навреди на расна основа, Бразилецот му се пожали на судијата а потоа се упати кон трибините и го впери престот кон навивачот кој му дофрли „мајмун“.

Натпреварот беше прекинат околу 7 минути, Винисис Жуниор не сакаше да продолжи да игра, но беше убеден да остане на теренот. Напаѓачот сепак не го заврши мечот откако доби црвен картон по една мешаница во која го удри Уго Дуро.

Винисиус се огласи преку социјалните мрежи, обвинуваји дека шпанската е расистичка лига.

„Не беше првпат, ниту вторпат, ниту трет. Расизмот е нормална работа во Ла Лига. Лигата мисли дека тоа е нормално, Федерацијата исто така и им дава поддршка на расистите. Жал ми е. Првенството кое некогаш припаѓаше на Роналдињо, Роналдо, Кристијано и Меси, денеска припаѓа на расисти. Прекрасна нација, која ме пречека и која ја сакам, но која се согласува да го промовира имиџот на расисмот во светот. Жал ми е за Шпанците кои не се согласуваат, но денеска, во Бразил, Шпанија е позната како земја на расисти. И за жал, со се што се случи ова коло, не можам а да не се сложам со тоа. Но јас сум силен и ќе одам до крај против расистите. Дури и ако тоа е далеку од овде“, напиша Винисиус Жуниор.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.