Вардар со 3-0 славеше против Скопје во баражот, по две години во Втора лига, најтрофејниот македонски клуб се враќа во Прва лига.
Категорија: Македонија 21.05.2023 19:56
Со беспарица и во
тешка агонија, Вардар се прикажа во извонредно светло во Кавадарци, одигра на
високо ниво од прва до последна минута и со 3-0 ја доби пресметката против Скопје
во баражот.
Избраниците на Бобан Грнчаров поведоа уште на стартот, Дарко Размоски веќе во 3. минута погоди за 0-1.
На стартот од вториот дел, истиот фудбалер доби топка на подалечната статива и рутински реализираше за 0-2.
Дилемите беа решени по еден час игра кога Глишиќ итро биеше од слободен удар и ги постави конечните 0-3.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.