24фудбал

Салихамиџиќ: Не згрешивме што го избркавме Нагелсман, на Тухел му треба време

Баерн Минхен е на добар пат да заврши сезона без ниту еден освоен трофеј откако синоќа на свој терен загуби од Лајпциг во Бундеслигата и ѝ даде шанса на Борусија Дортмунд да се качи на врвот на табелата.

Германија

Кога Нагелсман беше отпуштен, Баерн Минхен се бореше за сите три трофеи, Бундеслигата, Лигата на шампиони и Купот на Германија. 

Со доаѓањето на Тухел дојдоа и поразите во германскиот куп и Лигата на шампионите, а голема е веројатноста дека ќе биде загубена и лигата по вчерашниот пораз од Лајпциг. На Борусија Дортмунд ѝ требаат победи на последните нејзини два меча за да ја освои круната.

И покрај тоа, директорот на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ тврди дека не направиле грешен потег со отказот на Нагелсман и назначувањето на Тухел.

„Отказот на Нагелсман? Тоа го планиравме подолго време и дојде момент кога моравме да реагираме. На Томас Тухел му се потребни предсезонски подготовки со тимот, потоа се ќе биде подобро“, вели Салихамиџиќ.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.