24фудбал

ЛА Галакси е заинтересиран за Барди, се чека официјална понуда

Американски Лос Анџелес Галакси, гигантот каде своевремено играа Дејвид Бекам и Златан Ибрахимовиќ покажал интерес за македонскиот репрезентативец Енис Барди, актуелен член на Трабзонспор, објави турски „Ѓунбакис“, но официјална понуда за фудбалерот за врска нема пристигнато од ниту еден клуб.

Македонија

Веќе подолго време се најавува од Турција заминување на Барди од Трабзон после само една сезона откако за три милиони евра дојде ланското лето од шпански Леванте по пет сезони минати во Ла Лига. Но, проблем е што Трабзон лесно не се откажува од Барди, туку ќе го продава исклучиво ако некој клуб понуди иста сума колку што екс-турскиот првак плати пред 12 месеци, иако се појавија и најави за наводен заем како опција.

Зимоска низа клубови наводно покажуваа интерес, но никаков трансфер не се случи, иако како и во случајот со Езџјан Алиоски од Фенербахче, секојдневно медиумите во Турција објавуваа дека само прашање на ден е кога ќе се случи трансферот. Сега, според последните информации, ЛА Галакси е клубот што покажал интерес.

Моментно во американскиот тим играат неколку големи светски имиња со дебели биографии од најсилните лиги, од Мексиканецот Хавиер Ернандез – Чичарито, потоа екс-бразилскиот репрезентативец и бивш член на Јувентус, Даглас Коста, уругвајскиот ветеран и дефанзивец Мартин Касерес, како и некогашната голема надеж на Барселона, Рики Пуиг.

Според „Ѓунбакис“, Трагзонспор чека на понуди за Барди за да го продаде во најавената сериозна реконструкција на тимот, откако македонскиот ас не ги задоволил премногу челниците на турскиот гигант, кои имале поголеми очекувања од фудбалерот за врска. Барди сезонава има шест гола за Трабзон, од кои пет во турската Суперлига.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.