24фудбал

Ужас во Ел Салвадор, загинаа дванаесет навивачи во стампедо! (ВИДЕО)

Црн ден во Ел Салвадор, голема трагедија се случи за време на фудбалски натпревар во оваа земја, во стампедо на трибините загинаа дванаесет навивачи.

Останато

Инцидентот се случил за време на четвртфиналето од плејофот меѓу екипите на Алинас и ФАС. Се играше 16. минута кога натпреварот беше прекинат откако навивачи влегоа во теренот. На нивните лица имаше паника која покажуваше дека нешто сериозно се случува.

Причината за стампедото е дека вратите на стадинот биле пробиени од навивачи без билети, по што се создала пренатрупаност на трибините.

Новинските агенции неколкупати ја менуваа бројката на загинати, последната информација вели дека дванаесет навивачи ги загубиле животите.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.