24фудбал

Чави уште еднаш му повторил на Лапорта, еден играч не е на продажба

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Чави уште му порачал на Жоан Лапорта дека Рафиња не треба да биде продаден и тој 100% смета на Бразилецот.

Шпанија

Се очекува „каталонците“ летоска да се резделат со неколку играчи со цел да се балансираат сметките, и често има гласини дека Рафиња би можел да биде жртвуван, наводно Њукасл е подготвен да плати околу 80 милиони фунти за услугите на Бразилецот.

Но последните информации од Шпанија велат дека Чави одбива да одбори ваков трансфер, тренерот на на Барса уште еднаш му повторил на Жоан Лапорта дека 100% смета на офанзивниот фудбалер.

Чави е задоволен од игрите на Рафиња, верува дека на пазарот нема да најдат поквалитетен играч од таков профил и затоа се противи на продажба.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.