24фудбал

Мурињо плачеше од радост но одби да трча во свој стил: Чаби е мој човек, не можам така со него (ВИДЕО)

Жозе Мурињо откри зошто одбил да трча и во свој стил да се израдува на пласманот во финале во Лига Европа, вели дека од почит кон Чаби Алонсо се воздржал при прославата на големиот успех.

Останато

„Специјалниот“ на Рома и донесе уште едно финале откако синоќа го паркираше автобусот на гостувањето кај Баер Леверкузен и „волчицата“ ја сочува предноста од Рим.

По последниот свиреж на судијата, Жозе Мурињо се респлака но одби да трча и во свој стил да се израдува на пласманот во финале во Лига Европа. Запрашан дали има некаков здравствен проблем па затоа се воздржувал, Португалецот објасни дека ова го направил од почит кон Чаби Алонсо.

„Не се работи за здравствен проблем. Нема врска ниту со искуството, притисокот и радоста и понатаму се чувствуваат. Да бидам искрен, многу ми е тешко кога играм против пријателите, можеби пријателството се заборава за време на натпреварот, но тешко се заборава потоа. Не сакам да славам пред моите момци и особено n пред човек кој извонредно си ја врши работата“ – рече тренерот на Рома.

„Чаби е мој човек, не можам така со него“.

аа


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.