На 31. мај во вечерните часови во Будимпешта ќе се дознае кој ќе има пет претставници во ЛШ иднината сезона, Рома и Севиља покрај за големиот пехар ќе се борат на својата земја да ѝ донесат учесник повеќе.
Категорија: Лига на Шампиони 19.05.2023 07:29
Тоа е така бидејќи ниту Рома, ниту Севиља нема да се изборат за место во Лигата на шампионите преку домашното првенство. Римјаните се уште имаат теоретски шанси, но серијата лоши резултати им ги зема реалните можности. Севиља која имаше ужасен старт на сезоната во Ла Лига, нема ниту теоретски шанси да го направи тоа.
Единствена шанса за пласман во Лигата на шампионите и за двете екипи е освојување на Лига Европа.
Правилата велат дека победникот од ЛЕ оди директно во ЛШ, а таму Италија и Шпанија ќе имаат плус четири места изборени од домашните лиги. Па Рома или Севиља ќе бидат петтиот претставник на својата земја.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.