24фудбал

Бункерот на Мурињо издржа во Леверкузен, Рома е во финале!

Баер Леверкузен не го најде патот до мрежата на Руи Патрисио, Рома успеа да ја сочува предноста од Рим и да се пласира во финалето од Лига Европа.

Лига Европа

За две години Мурињо двапати ја носи Рома во европско финале, овојпат волчицата ќе атакува на трофејот од Лига Европа.

Португалецот денеска се одлучи со комплетно дефанзивна тактика да се одбрани од нападите на Леверкузен и тоа му успеа.

Рома речиси и да не беше заинтересирана за напад, а Леверкузен создаде неколку полушанси за гол, но топката не влезе во мрежата на Руи Патрисио. Домаќините еднаш ја погодија и пречката.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.