24фудбал

ПСЖ мерка двајца играчи на Наполи вредни преку 200 милиони евра, но...

Медиумите од Франција пренесуваат дека ПСЖ сака да ги ангажира Виктор Осимен и Ким Мин Џае од Наполи, но двајцата преферираа преселба во Премиерлигата, каде Манчестер јунајтед пројавува сериозен интерес.

Франција

Наполи имаше одлична сезона, по 33 година пауза стигна до Скудетото па главните ѕвезди на тимот се мета на многу гиганти ширум Европа.

Медиумите од Франција пишуваат дека ПСЖ сака да ги купи Виктор Осимен и Ким Мин Џае, спортскиот директор Луис Кампос е во контакт со агентите на напаѓачот и дефанзивецот.

Но „светците“ нема да имаат лесна задача, Манчестер јунајтед исто така ги има Виктор Осимен и Ким Мин Џае на својата листа со желби, а се верува и дека двајцата фудбалери преферираат преселба во Премиерлигата.

Аурелио Де Лаурентис го проценува Виктор Осимен на околу 150 милиони евра, додека пак цената на Ким Мин Џае е 60 милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.