24фудбал

Пеп провоцира како Пике: Фотката на Гвардиола и пријателите предизвика гнев во Реал Мадрид

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во друштво на пријателите позираше со четири прста во воздух и алудираше на убедливата победа на „граѓаните“ против Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид минатата сезона на драматичен начин им ги урнаа соништата на Манчестер Сити во Лигата на шампионите, но „граѓаните“ оваа сезона се реваншираа, синоќа ги надиграа „кралевите“ и ги совладаа со 4-0 за пласман во финалето.

Задоволството на Етихад беше огромно, особено ако се суди од една фотографија која се појави на социјалните мрежи.

Пеп Гвардиола во друштво на пријателите позириаше со четири прста во воздух, алудирајќи на големата победа над Реал Мадрид.

Поради неговото минато со Барселона, на „кралевите“ не им се допадна многу ваквата провокација, која наликуваа на онаа на Жерард Пике, кој пред неколку години се потсмеваше по една победа од 5-0.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.