24фудбал

„Ниту еден дефанзивец не одиграл подобро против Халанд од Ридигер, а Анчелоти го остави на клупа“

Поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед и сегашен фудбалски критичар, ја искоментира одлуката на Карло Анчелоти да го остави Ридигер на клупата и покрај неговата одлична игра во првиот меч.

Лига на Шампиони

Милитао го пропушти првиот натпревар поради суспензија, Ридигер играше на неговото место и беше фантастичен против Халанд. Но и покрај тоа, Карло Анчелоти реши да го остави на клупата. Одлука која изненади многумина.

„Бев изненаден што Анчелоти не го стартуваше Ридигер. Си помислив во себе “Дали некој дефанзивец одиграл подобро против Халанд оваа сезона?“ веројатно не. Тоа беше голема грешка“, рече Фердинанд.

Халанд не даде гол и синоќа но беше далеку поопасен, а одбраната на Реал Мадрид изгледаше многу поранливо отколку на првиот меч.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.