24фудбал

Карвахал: Вечерва ни недостасуваше нешто, но ние сме Реал Мадрид - ќе се вратиме посилни!

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал вели дека кралскиот клуб ќе се врати посилен и наскоро ќе се пласира во ново финале, тој признава дека вечерва биле надиграни од Манчестер Сити.

Лига на Шампиони

Реал Мадрид не само што беше елиминиран од Манчестер Сити, туку беше комплетно надигран и понижен со четири гола во мрежата на Куртоа.

„Игравме против ривал кој беше подобар од нас во меч кој тие нѐ надиграа“, вели Карвахал.

„Манчестер Сити беше подобар, но вечерва ни недостасуваше нешто. Тоа не беше приодот, но дозволивме да бидеме притиснати премногу назад. Во вториот дел бевме подобри. Знаевме дека Сити е силен тим дома, но по првиот меч имавме чувство дека можеме да одиграме подобро отколку што одигравме“.

„Ние сме Реал Мадрид, ќе се вратиме посилни и ќе работиме навистина напорно следната сезона за да дојдеме до ново финале“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.