24фудбал

Мурињо: Можете да кажете дека Рома веќе ја освои Лига Европа

Жозе Мурињо го потенцира фактот дека Рома е единствениот тим во полуфиналето од Лига Европа која го почна ова натпреварување од самиот старт, останатите три тима се уфрлија од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Утре Рома со предност од 1-0 ќе го почне реваншот против Баер Леверкузен кој се игра во Германија. На денешната прес-конференција Жозе Мурињо имаше одговори во свој стил.

„Доколку немам амбиција да се обидам да освојам, би ми било лесно сега да кажам дека ние веќе ја освоивме Лига Европа. Бидејќи доколку Лига Европа е за тимовите кои го стартуваа ова натпреварување, тогаш Рома е победник“, рече Мурињо.

Според некои обложувалници Рома е фаворит за освојување на Лига Европа, но Португалецот вели дека во моментов шансите за тоа се 25 проценти, а ако се пласираат во финалето ќе се зголемат на 50 проценти.

„Не ме интересираат таквите прогнози. Она што го велам 20 години е дека кога ќе стигнете во полуфинале, имате 25 проценти шанси да го освоите трофејот и 50 проценти шанси кога ќе дојдете во финалето. Така сметам јас“.

Мурињо имаше многу проблеми да го состави најдобриот тим на Рома поради повредите на фудбалерите. Тој потврди дека Смолинг, Дибала и Ел Шарави се подготвени за игра, само не се знае колку минути ќе може да играат. Отсутни се Карсдорп, Љоренте, Кумбула и Дарбо.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.