24фудбал

Мане по само една сезона заминува од Баерн Минхен и прави шокантен трансфер?!

Авантурата на Садио Мане во Баерн Минхен ќе трае кратко, Сенегалецот по само 12 месеци ќе се си замине од „Алианц Арена“ и може да направи шокантен трансфер во Манчестер јунајтед.

Германија

Садио Мане беше големото засилување на Баерн пред почетокот на сезоната, но напаѓачот не ги оправда очекувањта. Сенегалецот додатно си направи проблеми откако го удри Лерој Сане по поразот од Манчестер Сити во Лигата на шампиони.

Последните информации на Скај Германија велат дека Садио Мане нема иднина на „Алианц Арена“ и по само 12 месеци ќе си замине од Минхен.

Се шпекулира за негово враќање во Премиерлигата, наводно само клубовите од „островото“ можат да си ја дозволат неговата плата од 20+ милиони евра по сезона.

Одредни извори дури пишуваат и за шокантен трансфер во Манчестер јунајтед, лутиот ривал на Ливерпул.

Њукасл исто така се споменува како опција, додека пак за враќање на „Енфилд“ се препишуваат мали шанси поради големиот број на офанзивци во тимот на Јирген Клоп.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.