24фудбал

Инзаги: Ми рекоа да го однесам Интер до осминафинале, но ги зезнав!

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги откри дека управата на клубот побарала од него да го однесе тимот до осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Интер има одличен финиш на сезоната иако до пред некој месец не изгледаше тоа така. Нероазурите во Истанбул ќе се борат за големиот трофеј од Лигата на шампионите.

Инзаги добил задача да стигне до осминафиналето, а тој го однесе тимот на меч до трофејот.

„Пред 19 месеци од управата бев замолен да донесам пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите, нешто што на клубот не му успеало уште од 2011. Мислев дека ланската серија во ЛШ беше многу добра, но оваа е неверојатна. Никој не ни даде ништо 'бесплатно', игравме со силни противници и заслужено дојдовме до пласман во големото финале. Значи ги зезнав“, со насмевка на лицето објасни Инзаги.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.