24фудбал

Занети не го сака Реал Мадрид во финалето, го преферира Манчестер Сити

Легендата на Интер и сегашен потпретседател во клубот, вели дека ако би бирал со кој да играат во финалето, би го одбрал Манчестер Сити.

Лига на Шампиони

Интер синоќа со уште една победа го помина градскиот ривал Милан и се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

„Би сакал да го избегнеме Реал Мадрид бидејќи ова натпреварување изгледа како создадено за нив“, вели Занети алудирајќи на успешноста на кралскиот тим во ЛШ.

„Како и да е, најважно е што стигнавме до финалето. Беше тежок пат, не е лесно да се игра дерби во полуфиналето. Играв и јас во 2003 и загубив“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.