24фудбал

Газдата на Интер откри дека само еден играч верувал во финале во ЛШ: Мислев дека ме за*бава

Првиот човек на Интер, Стивен Жанг открива дека пред почетокот на сезоната само Ромелу Лукаку прогнозирал финале во Лигата на шампиони, но не го сфатил сериозно фудбалерот од Белгија.

Лига на Шампиони

По 13 години пауза, Интер ќе игра финале во Лигата на шампиони, „нероаѕурите“ вечерва со победа од 1-0 над Милан во реваншот го потврдија настапот на завршницата од најелитното европско натпреварување.

„Пред почетокот на сезоната тешко ми беше да верувам дека ќе играме финале во ЛШ, единствен кој веруваше е Ромелу Лукаку, кој ми испрати порака. Мислев дека се за*бава со мене а сега испадна дека ја предвидел иднината“ - вели првиот човек на Интер, Стивен Жанг.

Запрашан кого преферира за противник, Реал Мадрид или Манчестер Сити, тој одговори: „Се работи за два одлични тима, но Интер веќе помина група со два навистина квалитетни тима. Финалето ќе биде прекрансо, ќе го намачиме противникот без разлика со кого ќе играме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.