24фудбал

Меси си заминува, ПСЖ продава две ѕвезди за Мбапе да биде главен

Ле Паризиен го открива планот на „светците“ за летниот преоден рок, Нејмар и Марко Верати ќе бидат ставени на продажба, договорот на Лео Меси нема да биде продолжен и Килијан Мбапе ќе стане играчот околу кој ќе се гради тимот.

Франција

ПСЖ ќе има нов изглед во сезоната 2023/24, планот е „светците“ да се разделат со неколку ѕвезди.

Лео Меси си заминува, Аргентинецот нема да стави потпис на нов договор. Нов клуб се бара и за Нејмар, неколку формули се во игра, од трансфер, до позајмица (ПСЖ да покрива дел од платата) па дури и раскин на договорот.

На продажба ќе биде ставен и Марко Верати и покрај тоа што Италијанецот неодамна стави потпис на нов договор. Слабите партии и влијанието врз играта (оваа сезона има само 2 асистенции) како и неговиот животен стил (се вратил здебелен и со +4 кг по паузата за мундијалот во Катар) придонеле управата на „светците“ да смета дека е време за разделба.

Идејата е Килијан Мбапе да биде главен и играчот околку кој ќе се гради тимот. Ќе се бараат француски фудбалери, кои имаат светла иднина и заработуваат многу помалку од ѕвездите како Меси, Нејмар и Верати.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.