24фудбал

Скандал во Франција: Во мојата куќа жените не зборуваат така со мажите!

Тулуз го суспендираше Закарија Абуклал откако фудбалерот од Мароко се најде во центарот на вниманието поради погрешни причини и сексистички коментари упати кон локалната политичарка Лоренс Арибаж.

Франција

На крајот од април, Тулуз со 5-1 го совлада Нант во финалето од Купот на Франција а прославата на титулата му донесе проблеми на Закарија Абуклал.

Фудбалерот од Мароко се најде во центарот на вниманието поради погрешни причичини и сексистички коментари упатени кон локалната политичарка Лоренс Арибаж.

Како што пренесуваат медиумите, кога експедицијата на Тулуз била примена во градското собрание, тренерот Филип Монтание држел говор, неколку фудбалери биле премногу гласни па Лоренс Арибаж ги опоменала и ги замолила да бидат потивки.

Ова не му се допаднало на Закарија Абуклал, кој и порачал: „Во мојата куќа жените не зборуваат така со мажите“.

По ваквиот развој на настанита, Тулуз реши привремено да го суспендира Закарија Абуклал и да го остави да тренира сам додека не заврши интерната истрага.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.