24фудбал

Главоболките на Мурињо пред реваншот против Леверкузен

Дел од клучните играчи на Рома се неизвесни за реваншот против Баер Леверкузен, Мурињо има проблеми да состави најдобар тим.

Лига Европа

Пауло Дибала и Крис Смолинг за кои се прогнозираше дека ќе бидат во составот, не се опоравуваат според очекувањата.

Дибала е убедливо најдобриот фудбалер на Рома, но не е доволно фит за да може да го почне натпреварот против Баер Леверкузен, се претпоставува дека би добил минути во второто полувреме. Но има време до четврток.

Крис Смолинг е клучниот фудбалер на Рома во одбраната, тој веќе подолго време е надвор од теренот, се веруваше дека ќе биде подготвен за реваншот, но и тој се уште не е фит. Неизвесен е неговиот настап во Леверкузен.

Покрај овие играчи Португалецот не може да смета и на Карсдорп, Кумбула и Љоренте.

Добра вест за Мурињо е тоа што Стефан Ел Шарави ќе биде подготвен за игра иако првичните прогнози беа дека за него сезоната е завршена.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.