24фудбал

Познато зошто Белингем ги одбил Манчестер Сити и ПСЖ, не сакал да игра во „вештачки клубови“

Медиумите од Германија пренесуваат дека Џуд Белингем ги одбил Манчестер Сити и ПСЖ бидејќи ги сметал за „вештачки клубови“ без историја кои успехот го изградиле со помош на огромното богатство на сопствениците.

Германија

Џуд Белингем важи за еден од најперспективните фудбалери во Европа и се очекува летоска да направи богат трансфер. Ливерпул, Манчестер Сити, ПСЖ и Реал Мадрид беа дел од клубовите кои пројавија интерес и во последно време се шпекулира дека токму „кралевите“ ќе ја добијат битката.

„Црвените“ немаат пари да наддаваат, а Манчестер Сити и ПСЖ биле прешкртани од самиот Џуд Белингем.

Како што пренесуваат медиумите од Германија, младиот Англичанец не сакал да игра во „вештачки клубови“ без историја кои успехот го изградиле со помош на огромното богатство на сопствениците.

Џуџ Белингем го одбрал Реал Мадрид, и сега останува „кралевите“ и Борусија Дортмунд да ја договорат висината на трансферот, се говори дека клубот од „Сигнал Идуна Парк“ ќе бара околу 150 милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.