24фудбал

Паднал договор: Марсело Биелса ќе биде нов селектор на Уругвај

Легендарниот тренер, Марсело Биелса ќе води уште една репрезентација од Јужна Америка, овојпат ќе биде селектор на Уругвај.

Јужна Америка

Откако веќе беше селектор на Аргентина и Чиле, „лудакот“ сега ќе го земе кормилото на Уругвај.

Членот на извршниот комитет на Уругвајската фудбалска федерација, Хорхе Каселес потврдил за „Асошиејтед прес“ дека Биелса прифатил да биде нов селектор.

„Единственото нешто што недостига е потписот. Носиме некој за кого знаеме дека ќе ни остави наследство што ќе трае подолго од 90-те минути на еден натпревар“, вели Касалес.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.