24фудбал

Рабио ја покажа раната од ударот по кој бараа пенал, а не го добија! (ВИДЕО)

Адриен Рабио смета дека требало да биде досуден чист пенал по прекршок врз него, но судијата одмавна со раката, а ВАР не ја провери ситуацијата.

Лига Европа

Рабио одеше на волеј кога доби удар од Лоик Баде. Играчот на Јувентус доби удар од фудбалер на Севиља кој веќе имаше жолт картон.

Рабио падна на теренот, судијата одмавна со раката играта да продолжи, а на екранот не се појави дека ВАР ја проверува ситуацијата. Играчот на Јуве требаше да добие и лекарски третман.

„Тоа беше груб фаул, според мене чист пенал, но ВАР не кажа ништо. Можете да видите јасно, тој не ја удри топката, ја удри мојата нога. На судијата му ја покажав новата, но тој не реагираше, не знам зошто ВАР не му се јави да ја промени одлуката“, вели Рабио.

Рабио покажа каква му е ногата од стартот на противничкиот фудбалер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.