24фудбал

Емери: Кој ќе победи од Јуве и Севиља ќе биде фаворит во финалето од Лига Европа

Тренерот кој е мајстор за освојување на Лига Европа, вели дека дуелот меѓу Јувентус и Севиља е финале пред финалето и кој ќе победи од овие два тима ќе биде голем фаворит за трофејот.

Лига Европа

Првите полуфиналните мечеви од Лигата на шампионите поминаа, денеска на ред се полуфиналињата во Лига Европа, Јувентус против Севиља и Рома против Баер Леверкузен.

Унаи Емери четирипати досега ја освоил Лига Европа, трипати со Севиља и еднаш со Виљареал. Играше и финале со Арсенал. Па ако некој го познава добро ова натпреварување, тоа сигурно е тој.

„Мечот меѓу Јувентус и Севиља е како финале. Со сета почит кон Рома на Мурињо и Баер Леверкузен на Чаби Алонсо, уверен сум дека кој и да победи од бјанконерите и андалузијците ќе биде фаворит да го освои трофејот во Будимпешта“, вели Емери.

„Јувентус поради квалитетот кој го има во својот состав, а Севиља поради шампионскиот менталитет кој го има во ова натпреварување“.

„Јас ќе навивам за Севиља. Но, ако фудбалерите на Алегри се фокусирани во ова натпреварување, тогаш тие би имале мала предност“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.