24фудбал

Кан: Кога ги слушам говорите на Тухел, ми доаѓа јас да излезам на теренот!

Директорот на Баерн Минхен, Оливер Кан е импресиониран од Томас Тухел иако германскиот стратег претрпе критики поради елиминацијата во ЛШ и Купот на Германија.

Галерија

Тренерската смена во Баерн Минхен беше изненадувачка и тешка, но работите ќе се смират доколку Баварците ја освојат Бундеслигата.

Директорот Оливер Кан не само што не се кае за тренерската смена, туку тој е импресиониран од работата за Томас Тухел.

„Томас Тухел ме импресионираше уште од првиот ден. Чувствувам дека тој емоционално допира до тимот со неговиот начин на работа и говорите“, вели Кан.

„Кога ги слушам неговите говори, ми доаѓа јас да излезам на теренот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.