24фудбал

Дибала чувствува болка, ќе оди на посебен фитнес тест пред мечот со Леверкузен

Првата ѕвезда на Рома, Пауло Дибала е неизвесен за вечерашниот прв полуфинален натпревар од Лига Европа меѓу Рома и Баер Леверкузен.

Лига Европа

Дибала ги пропушти последните неколку мечеви на Рома, влезе во игра во финишот од дуелот со Интер, но уште чувствува болка во зглобот.

Според италијанските медиуми, во текот на денешниот ден Дибала треба да помине фитнес тест по кој ќе се знае каква е неговата состојба, дали ќе може да биде стартер или ќе се најде на клупата.

Жозе Мурињо се соочува со големи проблеми поради повредени фудбалери во финишот од сезоната, сигурно е дека вечерва нема да игра Крис Смолинг, а неизвесен е настапот на Дибала и Вајналдум.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.