24фудбал

Милер размислува за заминување од Баерн, Кан веднаш му испрати порака

Томас Милер размислува за заминување од Баерн Минхен поради малата минутажа, но претседателот Оливер Кан вели дека нема шанси да му дозволи да го напушти клубот.

Германија

Томас Милер е во втор план кај Томас Тухел и во последно време често натпреварите ги започнува од клупата за резерви, па се појавија гласини кои велеа дека напаѓачот сериозно размислува за заминување од „Алианц Арена“ по крајот на сезоната.

Сепак, првиот човек на Баерн Минхен, Оливер Кан вели дека нема да дозволи Томас Милер да го напушти клубот.

„Ова нема да се случи. Дури и да дојдеме до некое сценарио во кое Милер би можел да замине, ќе разговарам со него и ќе го предомислам. Томас е фит, никогаш не е повреден и има неверојатно силен карактер. Тој е многу важен играч за целиот итм. Сигурен сум дека ќе одигра уште многу натпревари за нас“ – вели Оливер Кан во разговор со Билд.

Како што пишува Билд, Томас Милер добил понуди од САД и Саудиска Арабија, но во овој момент не се водат формални преговори. Германецот нема ништо против да остане во Баерн Минхен доколку добива добра минутажа, но доколку треба да биде резерва, напаѓачот е подготвен да си ја проба среќата во друг топ клуб од Европа кој може да се бори за трофеи.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.