24фудбал

Нејмар е подготвен да си оди од ПСЖ, преферира трансфер во Премиерлигата

За разлика од минатото лето кога инсистираше на останување во ПСЖ, овојпат Нејмар е решен да ја промени средината.

Франција

Нејмар остана во ПСЖ, но работите не се одвиваат така како што очекуваше, францускиот тим имаше низа проблеми, а и овојпат испадна рано во Лигата на шампионите.

Моменталните случувања во ПСЖ не наговестуваат дека следната сезона ќе биде подобра од претходните, па Нејмар како да го загуби предизвикот.

Дополнително, фановите бараат од него да си оди, тој е подготвен да им ја исполни желбата.

Според последните информации, Нејмар не сака да оди во Саудиска Арабија, сака да остане во Европа и да игра фудбал на највисоко ниво.

Преферира трансфер во Премиерлигата, а таму загреани за неговиот потпис се Челси и Манчестер јунајтед.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.