24фудбал

Меси ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот

Ѕвездата на ПСЖ, Лео Меси кој со Аргентина го освои Светското првенство, по вторпат ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист на годината, тој е и единствениот фудбалер со ова признание.

Јужна Америка

Меси на клупско ниво немаше некоја посебна сезона, но трофејот со аргентинската репрезентација му носи и индивидуални признанија. Едно од нив е „Лауреус“. Тој за оваа награда ги победи Килијан Мбапе, Рафел Надал, Макс Ферстапен, Стеф Кари и рекордерот во скок со стап, Арманд Дуплантис.

„Ви благодарам на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и да се добие оваа награда, но фудбалот е тимски спорт. Го исполнив својот најголем сон и го освоив Мундијалот. Во минатото имав многу среќни моменти со Барселона и многу тага со националниот тим, имаше многу пречки, но успеав да станам подобар и да го освојам трофејот“, кажа Меси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.