24фудбал

Меси се врати на тренинзите на ПСЖ откако јавно се извини

ПСЖ го прифати извинувањето на Лео Меси и од денеска тој повторно тренира со првиот тим.

Франција

ПСЖ му врачи двонеделна суспензија на Меси откако Аргентинецот без дозвола замина за Саудиска Арабија.

Тој требаше да биде суспендиран на две недели во кои не требаше ниту да тренира со првиот тим.

Во меѓувреме Меси се извини, ПСЖ го прифати тоа и од денеска Лео повторно е со останатите играчи од тимот.

Поради суспензијата Меси не играше синоќа против Троја, но веројатно ќе биде во комбинација за следниот дуел.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.